| Нови Винодолски |
|
|
|
Во централниот дел на Северното Хрватско приморје веднаш спроти познатиот осторв КРК на ривиерата на Нови Винодолски од старата тврдина наречена НОВИ ГРАД ова место се развива и шири во туристички град наречен НОВИ ВИНОДОЛСКИ.Историски значаен како културно и политичко средиште на овој регион,Нови Винодолски е колевка на плејада познати уметници од семејството Мажуранич,благодарение на зелената вегетација и благата медитеранска клима,чистото море и чистиот воздух е едно од првите туристички места во приморскиот крај на Хрватска.Карактеристична приморска архитектура, бели зидини и црвени кровои кои се наоѓаат по целата должина во градското централно подрачје,почнувајќи од морето па се до црквата но и до кулата на брегот, сите овие карактеристични градби му даваат белег на овој град.Душата на овој град се остатоците од културното наследство и тоа: зидините од римската твридна "Lopsica",остатоци од манастирот на свештеникот Павлин, франкопанската кула, Црквата Св.Тројца и црквата Св.Марина на истоимениот осторв, куќата на браќата Мажуранич, библиотеката од 1845 година,музејот и галеријата, стариот град, и автентичниот фолкор на градот.Големата гостољубивост на граѓаните,кристално чисто море,град и околина без индустриски загадувачи, чист воздух, можности за ловечки туризам му даваат на Нови Винодослки непроценливи еколошки предности.Класични хотели, модерни туристички населби, автокампови, бунгалови, апартмани и соби во приватно сместување или со еден збор можност за преим на 10000 туристи дневно. За повеќе информации јавете се на нашите телефони + 389 2 32 32 580 + 389 2 32 32 590 |